Новинари на Ал Џезира осудени на три години затвор (ВИДЕО)

Новинари на Ал Џезира осудени на три години затвор
Новинари на Ал Џезира осудени на три години затвор

Тројца новинари на телевизијата Ал Џезира, кои беа обвинети за пружање поддршка на забранетата организација Муслиманско братство, денеска се осудени на три години затвор пред судот во Каиро, и покрај апелите на активистите на организациите на заштита на човековите права да бидат ослободени.

Осудени се Канаѓанецот Мохамед Фахми, кој беше шеф на канцеларијата на Ал Џезира во Каиро, австралискиот новинар Питер Грест и египетскиот продуцент Бахер Мохамед.

Тие беа притворени во декември 2013 година, додека работеа за Ал Џезира.

Фахми и Мохамед беа присутни во судницата за време на изрекување на пресудата, додека на Грест му се судеше во отсуство, откако беше ослободен и депортиран во Австралија.

Судот во Каиро двапати го одложуваше изрекувањето на конечната пресуда во судскиот процес.
Судот во Каиро двапати го одложуваше изрекувањето на конечната пресуда во судскиот процес.

Тројцата обвинети првично беа осудени на по 10 години затвор, а потоа највисокиот египетски суд наложи повторно судење врз основа на обвинението дека членови на Муслиманско братство, група прогласена за терористичка група, емитувале фалсификувани снимки со цел да ја загрозат националната безбедност.

Грест беше ослободен и депортиран во февруари, а Фами и Мохамед подоцна беа ослободени со кауција.

Судот во Каиро двапати го одложуваше изрекувањето на конечната пресуда во судскиот процес.

Адвокат на обвинетите новинари е Амал Клуни, сопругата на понатиот актер Џорџ Клуни, која посочи дека одлуката на судот праќа опасна порака за Египет.