Свет

Новинари уапсени за ширење гласини за размена на џихадистка со заробеници на ИД

Новинари уапсени за ширење гласини за размена на џихадистка со заробеници на ИД

Двајца уредници на информативна интернет страница во Јордан се уапсени за ширење на гласини, поврзани со размената на ирачка затвореничка со јордански и јапонски злаожници, држени од групата „Исламска држава“, пренесува МИА.

Сопственикот на сајтот „Сарај њуз“ Хашем ал Халиди и главниот уредник Сеиф Обедат може да добијат до 15 години затвор ако се покаже дека се виновни.

Јордан се наоѓа под силен притисок откако ИД, која држави во заробеништво јордански пилот и јапонски новинар, побара во размена да биде пуштена на слобода од јордански затвор ирачка џихадистка. Саџида ар Ришауи е осудена на смрт за учество во серија напади во Аман во 2005 година и сега се наоѓа во јордански затвор.

„Сарај њуз“ вчера објави дека Ирачанката била ослободена и пристигнала во Ирак за да биде предадена на ИД во размена за јапонскиот заложник. Двајата уредници на страницата се обвинети за користење на комуникациски средства за ширење на идеи на терористичка организација.

ИД, денеска објави нови закани за убиство на двајцата заложници.