Македонија

Новинарите кои навредуваат и шират говор на омраза се со нестабилен психолошки профил

Новинарите кои навредуваат и шират говор на омраза се со нестабилен психолошки профил

Нивото на културата и вокабуларот на изразување кое го практикуваат дел од новинарите полека станува и предмет на обработка на психолозите кои започнуваат да се занимаваат со начинот на нивното однесување.

Кога новинарското перо ќе снема аргументи преоѓа на голи фрази и зборови, аргументите се заменуваат со навреди, клетви…, а нерeтко и пцовки. Особено тоа добива алармантна форма кај дел од опозициските новинари кои се познати бранители на ставовите на СДСМ.

Психолозите кои порталот „Курир“ ги контактирал, изјавиле дека зад таквото однесување се кријат обично личности со нестабилен психолошки профил, кои влегуваат во улога на вербални џелати, а зад кои најчесто се крие некоја фрустрација или личен интерес.

Психологот Стојан Тренчевски изјави дека ниското ниво на политичка култура негативно влијае во креирањето на општествениот дискурс во јавноста, бидејќи експертите или новинарите се луѓе кои имаат општествена свест и мора да бидат свесни дека тие се примерот и огледалото на општествениот разум кој треба да бидат примерот кој останатите го следат.

Тренчевски додава дека состојбата на умот кој си дозволува да ги поминува црвените линии во реториката има извесни дисбаланси кои доведуваат до неетички и неразумни политички настапи. Замената на фактите со навреди е момент кога фактите не постојат, изјавува Тренчевски.

Така Бранко Героски за новинарката од „Дневник“, која ја откри аферата новинари-бизнисмени каде познати новинарски имиња имале по неколку фирми, тој прво што напиша беше: „Новинарката на ’Дневник’ е мочла“. Вака уредникот на порталот „Плусинфо“ и весникот „Слободен печат“ на својот Фејсбук профил распали со лични навреди кон новинарката на „Дневник“. Дури потоа излезе со текст со одбрана за произнесеното.

Но, ова не беше единствениот негов излет. Имено, тој за протестот на дел од новинарите, кој се случи пред Музејот на ВМРО и тоа за време на празнувањето на Денот на револуционерната борба, на неговиот личен Фејсбук профил напиша:

„Им го учукавме пред Музејот на ВМРО. На нивниот глупав празник. Им го расипавме планот да демонстрираат сила, а ние да ги подвиткаме опашките и да си заминеме дома. Покажавме дека имаме храброст да го пробиеме и полицискиот кордон, ако треба, за да се бориме за нешто уставно загарантирано право на мирен протест. Им го набутавме црешовото топче таму каде што треба!”.

Бранко Геровски осврнувајќи се за новинарството напиша: “Новинарство или едно големо, смрдено ништо?”.

Од друга страна можеби еден од најескпонираните и човек кој прв почна да пишува вакви текстови со навредливи содржини беше Љубомир Фрчкоски. Дел од неговиот вокабулар често употребуван во неговите колумни и анализи е: „јебига, шутрак, сељаштво, работе ли работе, морони, аналистичка помија, јеботе, дибеци, дркаџии, калакурница, сељачишта, село гори баба ја боли, газ, у меѓуножје работе ли работе, село гори баба ја боли, посрани гулаби, јебала вас информација, политичко дупенце, најслатко е кога се дупчи збунета особа“…

Уште еден од експертите и аналитичари блиски до опозицијата кој практикува вулгарности и навреди и кој настапува со доза на омраза е Бранко Тричковски. Тој во колумна за Македонија пишува: „Македонија е тоа говно кое гледа да не случајно од некаде се појави некој европски или друг чадор што би го спасил лајното од страшната дематеријализација под поројните дождови на современата историја! Ќе се јави ли некој да каже: море марш у пичку материну, бе, и вие и вашата Македонија и вашиот македонски идентитет, ние сме фирма што бара нови парадигми, нови рамки, нови форми, нови технологии!?“.

Исто така Тричковски во една негова колумна напиша дека државата ја доживува како: „јавна куќа во која луѓето мастурбираат на порно филмот што ни го пушта власта! Нема секс, освен кога ги ебат оние кои што со своите гласови и пари го изградија овој единствен ебарник јужно од Будимпешта!“.

Убедливо човек со најжестоки и приземни коментари и навреди е новинарот Саше Ивановски, кој важи за неформален советник на лидерот на опозицијата Зоран Заев. Секој негов текст изобилува со навреди. Тој во својата колумна објавена на неговиот портал „Мактел,“ на начин кој е под секакви новинарски стандарди, а својствен само за него и неговата стандардна некултура, брутално ја навредува претставничката на ОБСЕ Дуња Мијатовиќ со низа пцовки, навреди и вулгарности.

„Ој Дуњо, Дуњо, како ни го начука бре жено, очите ни испаднаа, од уши ни излезе пендрекот, мори Дуњо, која глупа кокошка испадна пиче ли ти мамино проклето, све ти јебем гуско една шугава цццц… А колку само очекувања имавме, колку се надевавме, вчера во текот на целиот ден сите тие малку опозициски медиуми излегоа со десетина стории за тоа како Дуња ќе го искарала Грујо, ќе му ги истегнела ушите, ќе го ставела во ред, ќе го испрашувала како оние гревовите шо се испрашуваат во Гвантанамо… И курац, го попивме светски! На прес пред сите новинари гледајќи ги во очи Дуња им рече – УМРЕТЕ СКОТОВИ, ИЧ ПИЧКА НЕ МЕ БОЛИ, КО ВЕ ЈЕБЕЕЕЕ!!!. Дуња на пресот буквално ни порача на сите нас новинарите кои сме во незавидна ситуација – ДЕЧКИ КО ВИ ЈЕБЕ МАТЕР, УМРЕТЕ СКОТОВИ, ИЧ ДУНДА НЕ МИ ЧУЕ ЗА ВАС!“, пишува Политико во колумната.

Уште еден експерт кој го контактирал порталот „Курир“ изјавил дека таквите испади најчесто се случуваат на интернет, кој важи за нерегулирана сфера, но и дека сепак навредата упатена до кого било подлежи на правна санкција и можност за покренување на тужба.