Новинарите од Утрински, Вест и Дневник седми ден во штрајк

Со испишани пароли и свирчиња новинарите и медиумските работници на Утрински, Вест и Дневник денеска го одбележаа седмиот (календарски) ден од штрајкот за плати и за информација за иднината на фирмата.

Штрајкувачкиот одбор информира дека прекинот на работата во редакциите се одвива според планираното, шест часа и дека, иако во некои редакции постои тензија, решителноста да се борат за своите права кај штрајкувачите продолжува.

За случувањата и игнорантскиот однос на менаџментот кој се уште не изрази желба да се сретне со штрајкувачите, ССНМ веќе ги информира и доби поддршка од Меѓународната федерација на новинарите како и Европската федерација и прогресивните синдикати во Македонија, посочуваат од ССНМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.