Новинарите во Грција штрајкуваат

Новинарите во Грција од денеска се во 24 часовен штрајк, ден пред генерален штрајк во знак на протест  против строгите мерки на Владата за штедење во јавниот сектор.
Ниту една радио телевизиска станица од утрово во 6 часот не емитува вести, а не работат ни сајтовите. Утре нема да излезе ниту еден дневен весник.
Се очекува утрешниот генерален штрајк потполно да ја парализира земјата. Нема да работат училиштата и болниците, освен ургентните центри, а се откажани и сите летови и поаѓања на фериботи.