ВИДЕО: Новинарка продолжи да известува откако шок бомба ја погоди во лице

Новинарката на либанската телевизија продолжи да известува и откако шок бомба ја погоди во лице, јавува британски Гардијан.

Хана Махамеед била погодена во лице со шок бомба за време на конфликтот помеѓу израелската полиција и палестинските демонстранти во источен Ерусалим, а бомбата наводно била фрлена од израелската полиција.

Низ медиумите се појавија видео снимките на кои е видлива повредата на новинарката, а кратко потоа таа била преврзана во болница.

Само неколку часа по овој настан Махамеед продолжила со работа и со известување за либанската телевизија Ал Мајадеен.

До конфликтот дошло откако полицијата го привела таткото на младиот Палестинец што повредил млад Израелец. Полициската портпаролка Луба Самри изјавила дека секој што се наоѓа заедно со демонстрантите што ги кршат законите е изложен на ризик од повреда.

Голем број лица на социјалните мрежи изразиле поддршка за повредената новинарка.