Новинарката Велиновска доби одликување од Путин

На мала свеченост во скопскиот хотел „Амбасадор“ вчера рускиот амбасадор Олег Шчербак и врачи одликување на новинарката Мирка Велиновска за заслуги во борбата против фашизмот, пишува Дневсник.

Медалот и пофалницата се потпишани од рускиот претседател Владимир Путин, а се доделени по повод 70-годишнината од победата над фашизмот.

– Овој чин го сметам како признание за исполнување на мојот и генерацискиот долг кон нашите родители што ја извојуваа победата против фашизмот и признание за весникот основан во 1944 година, во чиј темел е антифашизмот – рече Велиновска.

За одликувањето одлучувал посебен одбор чиј претседател е рускиот претседател Путин. Во Македонија се доделени пет вакви одликувања, а покрај Велиновска, доделен е и на претседателот на Република Македонија, Ѓорги Иванов, на генералниот директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, на Центарот за холокауст во Скопје и ректорот на скопскиот Универзитет „Св. Kирил и Методиј“, Велимир Стојковски.

 

фото: Дневник