Новинарките се секси за мажите, ги сметаат за интелигентни со брзи реакции и секси стил

Доколку се подготвувате да се запишете на факултет, според проценките која област колку ве исполнува или каде колку е платата, земете предвид и тоа која кариера најпрво ќе ги привлече лица од спротивниот пол.

Додека жените најповеќе се возбудуваат на грижливи, полни со поддршка и авторитативни лекари, новото истражување покажало дека мажите најчесто ќе одлепат за жена која е адвокат во борба за човековите права. На второ место се новинарките, бидејќи мажите ги гледаат како интелигентни жени со брзи реакции и секси стил.

Истражувањето го спровела Мари Балфоур, жена која веќе три децении води првата британска агенција за запознавање. Како што се покажало, во 2013 година правниците кои се борат за човековите права и новинарките се оценети како „жени од соништата“ додека, за дамите тоа се докторите, архитектите или некои креативни професии.

Оваа анкета покажува дека модерните жени очигледно бараат маж кој се занимава со интересна работа или возбудлива работа или онаа со која се изразува грижа спрема другите, додека моќниците и „грабливците“ како што се банкарите се во втор план.