Македонија

Новинарот Героски и СОРОС први во одбрана на промената на името

Новинарот Героски и СОРОС први во одбрана на промената на името

СОРОС и ударната медиумска тупаница на опозицијата, уредникот на порталот „Плусинфо“ и на весникот „Слободен печат“, Бранко Героски, први застанаа во одбрана на промената на името, кое Љубе Бошкоски го договара со посредник според снимките кои попладнево се појавија на видео сервисот „Јутјуб“.

Наместо да го признаат она што е на очиглед на јавноста, Героски и СОРОС со манипулации продолжија да го бранат Бошкоски. Тие застанаа во одбрана на Бошкоски со што излегуваат смешни во очите на иавноста и го навлекуваат гневот на граѓаните.

Од снимките јасно и недвосмислено се гледа дека  Бошкоски нелегално зел пари, за нелегално финансирање на својата кампања за изборите во 2011 година и дека дека за возврат за тие нелегални пари што ги зема, Љубе Бошкоски на посредникот кој зборува македонски јазик, со забележлив грчки нагласок, му ветува промена на името на земјата доколку тој дојде на власт.

После ова, се поставува прашањето кој е мотивот на Героски, СОРОС и СДСМ што застануваат во одбрана на Бошкоски, односно дали имаат слични размислувања за ова прашање па токму поради тоа жолчно го бранат Бошкоски кој на дело е фатен како го продава името, пишува порталот „Курир“.

Од снимката се гледа и постојат јасни докази за незаконско финансирање на кампањата и за продажба на името. Снимките јасно покажуваат дека поранешниот македонски министер и посредникот договараат давање на 70.000 евра за Бошкоски, а посредникот му дава во еден момент 10.000 евра и со потег со раката го крсти Бошкоски викајќи со господ напред да ти е.

Тој на посредникот му вели дека парите што му ги бара ќе ги искористи за нелегално финансирање на својат кампања и за плаќање на реклами на телевизиите.