Новинарот Христо Ивановски на црна листа во Украина

Новинарот Христо Ивановски на црна листа во Украина
Новинарот Христо Ивановски на црна листа во Украина

Македонскиот новинар Христо Ивановски, уредник во весникот Дневник и дипломатот Драган Јањатов се најдоа на црна листа од безмалку 400 дипломати, новинари и политичари која ја потпиша украинскиот претседател Петро Порошенко, објави МИА.

Оваа црна листа содржи имиња на над 40 новинари и блогери, вклучително и новинари вработени во Би-би-си, Ел Паис, Дие Цајт и други медиуми од САД, Франција, Британија, Грција, Шпанија, Полска и други држави, на кои Украина им воведе санкции.

На листата се и стотина компании исто така се најдоа на листата.

Санкциите подразбираат забрана за патување во Украина, а во случајот на компаниите и санкции за нивниот бизнис, со траење од една година. Потегот на украинскиот претседател наиде на критики од меѓународни организации за заштита на слободата на изразување, како Комитетот за заштита на новинарите, кој оцени дека дури и ако украинската Влада не се согласува со начинот на известување на некои од новинарите и блогерите на листата, не смее да ги прогласува за закана за националната безбедност.