Македонија

Новинарот на „Ди Цајт“ тврди дека има аудоматеријал од интервјуто со Заев

Новинарот на „Ди Цајт“ тврди дека има аудоматеријал од интервјуто со Заев

Новинарот на германскиот неделник „Ди цајт“, кој е автор на интервјуто во кое е пренесено тврдењето на лидерот на СДСМ дека осудените за случајот Монструм се невини, тврди дека има аудиозаписи и белешки за разговорот со Зоран Заев, пренесува „Република“.

di_zeit_zaev_intervju

Новинарот Улрих Ладурнер е соработник за надворешна политика за неделникот со седиште во Хамбург. На прашање дали за својот текст користел снимен разговор со Заев или текстот е напишан врз основа на негови белеши од разговорот одговара дека има и аудиоматеријал и белешки од разговорот.

Предходно Ладурнер го постираше написот и на неговиот профил на социјалната мрежа „Твитер“. Таму тој не одговора на прашањето дали може да потврди дека Заев навистина рекол дека осудените за „велигденскиот масакр“ кај Смиљковско Езеро се невини.

Заев пред два дена во изјава за македонските медиуми демантираше дека дал таква изјава.

Тој рече дека неговите изјави се погрешно интерпретирани од еден од најстарите германски весници.