Новиот амосферски колектор треба да го спаси од поплава булеварот Киро Глигоров

Викендов продолжуваат градежните работи на атмосферската канализација и колектор која започнаа минатиот викенд на булеварот Киро Глигоров. На оваа локација изминатиов период повеќе пати се создаваше поплава по големите врнежи на дожд.

Оваа локација на булеварот  Киро Глигоров е посочена како една од десетте црни точки каде Градот Скопје, во соработка со јавното претпријатие „Водовод и канализација”, врз основа на однапред изработениот акционен план, во наредниов период ќе интервенира.

На булеварот Киро Глигоров во моментов се интервенира на потег од околу 100 метри, каде се прави нов атмосферски колектор со профил ф-800 милиметри, а се интервенира на повеќе места каде имаше прекршувања на атмосферскиот колектор под агол од 90 степени за да дојде до негово исправување. Покрај овие зафати, на оваа локација ќе се стават попречни решетки кои ќе бидат поставени на повисокото ниво пред падот на косината, со што атмосферските води ќе бидат прифатени во повисокиот дел и ќе бидат однесени директно во атмосферскиот колектор, пред овие води да дојдат во нискиот дел каде што се црпат со пумпи и се создаваат поплави.

Со овие зафати на булеварот Киро Глигоров ќе се зголеми проточноста на атмосферските води за двојно, со што проблемите со поплавите ќе бидат минато.

Градежните работи на атмосферскиот колектор на булеварот Киро Глигоров се во завршна фаза и истата треба да заврши деновиве.

kolektor kolketor