Новиот британски шеф на дипломатијата, чекор подалеку од ЕУ

Британскиот премиер Дејвид Камерон соопштил денеска деја за нов министер за надворешни работи го именувал Филип Хамонд.

Хамонд, познат по изразениот евроскептицизам, во Форин Офисот ќе го замени Вилијам Хејг кој поднесе оставка вчера, за да ја превземе должноста на лидер на Долниот дом на Парламентот.

„Филип Хамонд е нов министер за надворешни работи“ навел Камеорн на својот званичен твитер профил.

Хамонд, кој до сега бил на чело на министерството, познат е какоизразено евроскептичен политичар.

Неговот именување е јасен сигнал на ЕУ за ставот на Велика Британија.

„Поставувањето на Филип Хамонд знали дека сега имаме шеф на дипломатијата за кого се знае дека ќе гласа за излегување од ЕУ освен ако не се вратат значителни овластувања. Ова е голема промена на ортодоксниот став  на министерството за надворепни работи“, наведува тој конзервативен весник во кометнар.

Лево ориентираниот „Гардијан“ наведува дека врвот на конзервативната партија го смета Хамонд за „импресивен оперативец“ кој како министер за одбрана вовел намалување на трошоците, спровел подготовки за повлекување премногу негативни наслови во таблоидите.

„Дејвид Камерон, кој бара некој издржлив да ги врати овластувањата од Брисел и повторно да преговара за односите со Еу, можеби ја привлекла неговата посветеност на деталите, за која некои велат дека се граничи со манија се да држи под контрола„, наведува Гардијан.

Британските медиуми наведуваат дека Хејг поднел оставка во рамките на се пошироките реконтрукции на владата на премиерот Дејвид камерон кој, подготвувајќи се за изборите наредната година, од функцијата сменил повеќе мажи восредни години, т.н. „привилегирани мажи“ за да повеќе жени влезат во владата.