Новиот број на „Шарли Ебдо“ излегува во среда во милион примероци

Познатиот француски доктор и член на редакцијата „Шарли Eбдо“, Патрик Пелу најави дека следното издание на ова списание ќе биде испечатено следната среда.

Тој истакна дека членовите на редакцијата одлучиле да продолжат со работа.

– Ќе продолжиме. Одлучивме да го издадеме новиот број следната седмица. Сите се согласивме со тоа. Немаме право да се откажаме, нагласи Пелу, додавајќи дека поради состанок тој не бил присутен во редакцијата во моментот на нападот.

Според него, тоа ќе биде конечна потврда дека „глупоста нема да победи“, потенцирајќи дека тимот на „Шарли ебдо“ наскоро ќе се состане.

Новиот број ќе биде испечатен во милион примероци.