Новиот буџет за 2014 година ќе донесе поголема социјална сигурност и економски развој

Министерот за финасии Зоран Ставрески на денешната 80-та седница на Собранието на Република Македонија, истакна дека зголемувања за 50 отсто на посебениот додаток за самохрани родители на деца со пречки во развојот, правото на паричен надомест на нега, како и новите социјални права кои предвидуваат паричен додаток од по 4.000 денари на вкупно 870 потполно глуви ливца, се предвидени во буџетот на Република Македонија за 2014 година.

Од предвидениот буџет за наредната година, Ставревски додаде дека ќе бидат одвоени и средства за поддршка на функцинирањето на народни кујни.

„Сите овие факти покажуваат дека Владата посветува целосно внимание на задржување на социјалнта стабилност и поддршка на ранливите категори на граѓани“, изјави Ставрески.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.