Новиот чешки лидер ќе бара сојузници и надвор од Вишеградската група

Чешкиот милијардер од словачко потекло Андреј Бабиш чијашто партија ANO однесе победа на парламентарните избори на кои се гласаше во петокот и саботата, ноќта спроти неделата изјави дека Вишеградската група треба да бара и други сојузници, со кои заедно би ги изнеле предлозите за Европската унија по прашањата кои сакат да ги променат, што се совпаѓа со изјавата на извесно новиот австриски канцелар Себастијан Курц, кој исто така победи на минатонеделните парламентарни избори според кој Виена би требало да соработува потесно со четирите источноевропски посткомунистички членки на ЕУ.

Андреј Бабиш уверливо победи на парламентарните избори во Чешка, на кои гласачите им кажаа „не“ на традиционалните партии. Неговото движење ANO основано пред четирцени години, кое во изминатиот мандат беше помал партнер во владата на левиот освои 29,6 отсто од гласовите, трипати повеќе од најблискиот конкурент опозициските кознервативци Граѓански демократи кои добија 11,3 отсто од гласовите.

„Имаме сигурен сојузник во Австрија, во (Себастијан) Курц, кои има исти погледи како и ние за миграциите“, изјави Бабиш. Тој во предизборната кампања најави дека имигрантите ќе ги остави пред затворените граници, што се совпаѓа со јавното мнение за ова прашање кое преовладува во Чешка, иако земјата не ја осети бегалската криза како другите земји членки на ЕУ, но е под притисокот на Брисел за солидарните бегалски квоти.

Сенбастијан Курц, чијашто Народна партија (FPO) победи на парламентарните избори минатата недела во Австрија, исто така, се залага за многу поостри насоки околу бегалската и доселеничката политика што ја спроведува Европската унија.

„Вишеградската група мора да најде и други сојузници, потребна ние е Австрија и друг земји, на Балканот, или Словенија, Хрватска, можеби и други“, изјави Бабиш.

Тој во кусото интервју по изборите за агенцијата Reuters во седиштето на партијата изјави дека би сакал Вишеградската група, којашто ја сочинуваат Чешка, Словачка, Унгарија и Полска, заедно со своите нови сојузници да подготви предлози и да ги изнесе пред Европскиот совет, особено кога станува збор за прашањата за квалитетот на храната и борбата против миграциите.

„Мораме да подготвиме теми, да му го предложиме на Европскиот совет она што сакаме да го промениме. Двојните стандарди за квалитетот на храната, решенијата за миграциите, борбата против миграциите и други прашања“, појасни Бабиш.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.