Што се крие во новиот детал на банкнотата од 20 евра?

Што се крие во новиот детал на банкнотата од 20 евра? Новиот детал на банкнотата од 20 евра „портрет прозорец“ станува транспарентен кога банкнотата ќе се стави на светлина и го открива портретот на Европа, феникиската принцеза од грчката митологија според која Стариот континент го добил името, пренесува агенцијата Франс Прес.

Парите беа и ќе продолжат да бидат важно средство за плаќање. Воведувањето на новата банкнота од 20 евра ќе биде опиплив доказ за тоа, изјави членот на извршниот одбор на Европската централна банка, Мерш за медиумите.

Што се крие во новиот детал на банкнотата од 20 евра?
Што се крие во новиот детал на банкнотата од 20 евра?

Новите банкноти што досега се отпечатени во 4,3 милијарди примероци, постепено ќе ги заменуваат банкнотите од 20 евра од првата серија, што ќе останат во употреба.

По банкнотата од пет евра во мај 2013-тата и банкнотата од 10 евра во септември 2014-тата ова е трета банкнота од серијата „Европа“ и како и останатите содржи број во зелена боја што ја менува нијансата од зелена во сина во зависност од аголот на гледање.

Се планира новата банкнота од 50 евра да биде пуштена во оптек во вториот квартал од 2017-тата година.