Новиот Џејмс Бонд ги соборува сите рекорди

Најновото, 24. продолжение на авантурата за Џејмс Бонд – „Спектра“ продолжува да соборува рекорди во речиси сите земји во кои започна да се прикажува.

Во Велика Британија, каде имаше премиера на 26. октомври, во првата недела заработи повеќе од 58 милиони евра.

Во Холандија „Спектра“ заработи 3,3 милиони евра, во Финска 2,35 милиони евра, во Норвешка 2,7 милиони евра, во Данска 3,65 милиони евра, а во Шведска 2,7 милиони евра.

-Многу сме им благодарни на сите фанови на Џејмс Бонд, изјавиле продуцентите Мајкл Вилсон и Барбара Броколи.

Претходното продолжение, популарната „Скајфол“, забележа најголема заработка од сите филмови за агентот 007 – 1,1 милијарди долари.

Како што пренесува БиБиСи, критиката е полна со пофалби за „Спектра“, како и за актерот Даниел Крејг, кој ја игра улогата на Џејмс Бонд.

Се очекува „Спектра“ да го освои и американскиот пазар, каде ќе започне да се прикажува на 6. ноември.