Новиот јужнокорејски претседател е подготвен да оди во Северна Кореја

((Новоизбраниот јужнокорејски претседател Мун Јае-ин, ЕPA/Yonhap))

Новоизбраниот претседател на Јужна Кореја, Мун Јае-ин ја положи свечената заклетва во средата и веднаш изјави дека е подготвен да отпатува во Северна Кореја и да ги ублажи тензиите во односите со САД и со Кина.

Новиот јужнокорејски челник, 64-годишник кој е накјлонет кон левицата и доаѓа од Демократската партија, е некогашен адвокат специјализиран за заштита на човековите права. Тој, исто така, е наклонет на одреден форма на дијалог со комунистичкиот режим во Пјонгјанг, спротивно од заканувачката реторика којашто во последно време ја кориски во однос на Северна Кореја администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

САД се инаку стратешки заштитник и сојузник на Јужна Кореја во регионот, и таму имаат постојано стационирано 28.500 војници уште од Корејската војна во 1950-те години. Покрај тоа, редовно на годишно ниво се одржуваат најмалку двапати големи заеднички воени вежби.

„Доколку е потребни, можам веднаш да отпатува во Вашингтон. Ќе патувам и во Пекинг и во Токио, дури и во Пјонгјанг, доколку се наредат околностите“, изјави новиот јужнокорејски претседател Мун Јае-ин, веднаш по полагањето на заклетвата пред пратениците.

Мун ќе се соочи во текот на својот мандат со деликатната дипломатска задача во однос на Северна Кореја, коајшто е истрајна во своите намери да ги усоврши своите интерконтинентални ракети со коишто би можела нуклеарно да се закани и на цели на американска територија, а јужнокорејската престолнина Сеул истовремено е на дострел на нејзините артилериски сили.

На внатрешен план, пак, ќе се соочи со многубројни предизвици, а во прв ред со последиците од корупцискиот скандал поради кој од должноста беше отповикана неговата конзервативна претходничка Парк Гуен-хај.

„Ќе бидам претседател на сите Јужнокорејци“, рече Мун ветувајќи дека „ќе им служи и на оние кои не ме поддржуваат… ќе бидам претеседател во служба на народот“.

По кампањата во којашто преовладуваа темите на невработеноста и забавениот економски раст на земјата, Мун освои 41,4 отсто од гласовите или 13,4 милиони гласови од вкупното гласачко тело од 42,5 милиони избирачи, далеку пред своите ривали Ханг Јун-пји од партијата на конзерватинвата претходничка со 24,3 отсто, и центристот Ахн Чеол-су со 21, 4 отсто од гласовите.

Непосредно пред полагањето на заклетвата, Мун се сретна со пратениците на конзервативната партија Слобода, приврзаници на тврдата линија во односите со комунистичкиот сосед, кои многупати го обвинија дека сака „земјата да ја предаде на Северна Кореја кога ќе биде избран“.

„Би сакал да му покажам на нашиот народ дека сите заедно напредуваме. Ве преколнувам да соработуваме“, им порача новиот претседаател појаснувајќи дека ќе ги замоли за мислење за прашањата од сферата на националната безбедност.

Мун би требало да го има првиот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп уште во среда, пренесува јужнокорејската новинска агенција Yonhap. Во обраќањето јужнокорејскиот претседател објасни дека ќе има „серозни преговори“ со САД и со Кина на темата распоредувње на американскиот напреден и скап антираектен систем THAAD во Јужна Кореја.

На овие неодамнешни активности остварени по трогодишните преговори на Сеул и Вашингтон, остро реагираа и во Пекинг и во Москва, според кои разместувањето на американскиот противракетен штит на Корејскиот полуостров може да предизвика само нова трка во вооружувањето во регионот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.