Македонија

Новиот конгресен центар Александар Велики, заглави кај проектирањето

Новиот конгресен центар Александар Велики, заглави кај проектирањето

По два неуспешни обиди, Министерството за култура објави нов тендер за изработка на основен проект за објектот што треба да се гради на местото на Универзалната сала – конгресниот центар Александар Велики.

Од министерството информираат дека досегашните тендери не се успешни поради некомплетна проектна докумантација на приложените трудови. На последниот поништен избор, конкурирале две архитектонтски фирми.

Рокот за достава на новите понуди е до 6 февруари.

Основниот проект треба да се реализира според идејното решение на студиото „Стоун Дизајн“ од Скопје, според кое, новиот објект има облик на јајце. Се работи за мултифункционалниот конгресен центар во кој се предвидува една голема сала со капацитет до 3.000 седишта и уште две помали сали кои би можеле да примат околу 300 посетители. Во новата зграда ќе има и четири и шест билатерални сали за организирање помали настани.