Новиот министер за одбрана на САД најави целосен пораз на ИД

Новиот американски министер за одбрана Ештон Картер најави целосен пораз на „Исламската држава“ во обраќање пред војници и дипломати во американска воена база во Кувајт, пренесе МИА.

Неколку дена по преземањето на функцијата шеф на Пентагон Картер, собра дваесетина генерали, претставници и луѓе од службите за безбедност во американската база „Камп Арифџан“ во кувајтската пустина.

Во своето обраќање пред американските војници пред средбата Картер нагласи дека предводената од САД коалиција ја одбива многу вешто „Исламската држава“ далеку од Кувајт и други земји. – Без сомнение ќе им нанесеме целосен пораз, увери тој.

Според Картер средбата има за цел да се изврши анализа на кампањата против ИД во сите нејзини дименции. Картер пристигна вчера во Кувајт, по посетата на Авганистан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.