Со ултра модерен воз од Велес до Скопје од септември

Произведен првиот воз за Македонски железници

Со ултра модерен воз од Велес до Скопје и во обратен правец, македонските граѓани ќе имаат можност да патуваат од септември.

Новиот модерен воз, во септември ќе пристигне на македонските пруги. Првиот од шесте ултра модерни возови набавени за потребите на Македонски Железници ќе пристигне и ќе биден ставен во функција во текот на септември годинава.

Произведен првиот воз за Македонски железници
Произведен првиот воз за Македонски железници

За ова денес на собраниската седница посветена на собраниски прашања, одговараше министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој доаѓа од Велес, Илија Димовски упати прашање до Министерствотоза транспорт и врски коешто се однесуваше на долгоочекуваното обновување на возниот парк на Македонски железници односно набавка на 6 нови патнички гарнитури.

Димовски најпрво упати благодарност до Министерството за транспорт и врски поради тоа што конечно после 35-40 години македонските граѓани имаа можност преку медиумите одблизу да го видат изгледот на новите патнички гарнитури кои ќе бидат набавени и наскоро ќе почнат да се користат.

Велешката и скопската железничка станица идентични во степенот на искористеност

Димовски: Велешката и скопската железничка станица идентични во степенот на искористеност
Димовски: Велешката и скопската железничка станица идентични во степенот на искористеност

Како што рече Димовски, доколку се земат во предвид  податоците по бројот на патници кои пристигнуваат или заминуваат од Велес со воз, ќе може да се забележи дека железничката станица во Велес по степенот на искористеност е речиси идентична со железничката станица во Скопје, што ја прави оваа набавка на нови патнички гарнитури од голема важност и значење за жителите на Општина Велес и околните населени места.

Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски даде одговор на конкретното прашање кога ќе бидат ставени во функција овие возови и какво ќе биде нивното значење за граѓаните кои живеат во Велес и секојдневно ги користат услугите на железничката инфраструктура.

Станува збор за набавка на 4 дизел гарнитури и 2 електро – моторни гарнитури произведени во Кина во вредност од 25 милиони евра. Новите возови ќе бидат според сите европски стандарди, со најсовремена опрема и со  капацитет од 200 седишта, со што Република Македонија ќе може да се вброи во земјите со најдобра железничка инфраструктура не само во регионот туку и пошироко, рече Мисајловски.

Покрај обновувањето на возниот парк, Мисајловски потенцираше дека министерството ги рехабилитира и коридорите односно железничките станици на Коридорот 10, со што Велес ќе добие и нова железничка постројка.

На крај, министерот Мисајловски посочи дека пристигнувањето и ставањето во функција на првиот воз се очекува да биде во септември оваа година.

Промовиран првиот ултрамодерен воз за македонските пруги

Произведен првиот воз за Македонски железници
Произведен првиот воз за Македонски железници

Новата електромоторна патничка гарнитура на 7-ми јули годинава беше промовирана во фабриката на компанијата во градот Џуџо пред македонска делегација предводена од министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.

Возот е со три вагони со капацитет од 200 патници и можност за брзина до 160 километри на час. Инаку Македонија набавува уште една електромоторна и четири дизел гарнитури, кои, според најавите, треба да пристигнат до јануари следната година.

 

Како излгледа првиот ултра модерен воз за македонските пруги погледнете на следниот линк.