Магазин

вселената се истражува преку земјата Новиот остров може да даде увид во развојот на животот на Марс

Новиот остров може да даде увид во развојот на животот на Марс

Новиот остров формиран во тек на вулканска ерупција во оддалечениот дел на Пацификот пред три години, би можел да понуди увид во тоа како може да се развивал животот на Марс, соопшти во средата американската агенција за вселенски истражувања NASA.

Вулканскиот остров Хунга Тонга – Хунга Ха’апи изнурна во 2014 година од Тихиот Океан 65 километри северозападно од Нуку’алоа, престолнина на кралството Тонго, по подводна вулканска ерупција.

Научниците првично очекуваа дека островот ќе исчезне во рок од неколку месеци. Меѓутоа, NASA наведува дека се покажал поотпорен од очекуваното, и оти тоа е можно поради тоа што топлата морска вода комбнирана се пепелта во текот на вулканската експлозија формирла карпа цврста како цемент.

Островот, кој првично беше широк еден километар, долг беше два километра а висок 100 метри, минал низ значителна ерозија, и сега се очекува дека ќе постои најмалку шест до 30 години.

Новото проучување на научниците им дава увид во долговечноста и ерозијата којашто ги обликува новите острови, а разбирањето на овие процеси може да понуди и увид во сличните збиднувања во другите делови од Сончевиот систем, вклучително и на Марс.

Џим Гарвин, главниот научник во Центарот за вселенски летови Годард на NASА, изјави дека се пружа ретка можност за проучување на животниот циклус на новоформираниот остров. Според него, Марс има многу слични вулкански острови, коишто, како што изгледа, биле опкружени со вода кога исчезнале.

Проучувањето на појавувањето на животот на овој остров би можело да им помогна на научниците точно да одредат каде да ги бараат доказите за постоење живот на Марс, вели Гарвин.

„Островите како овој можеби пред две и три милијради години постоеле на Марс, езера и мали мориња коишто ги исполнуваат депресиите, постојани површински води“, додава научникот.

Студиите на NASA спроведени на споменатот остров претставени се на состанокот на Американската гоефизичка асоцијација во Њу Орлеанс оваа седмица, откако американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот ја потпиша директивата за повторното испраќање на Американци на Месечината и конечно на Марс.