Новиот парфем на Џастин Бибер посветен на сите млади девојки

Парфемот за жени Next Girlfriend на Џастин Бибер е најновото издание во колекцијата парфеми на познатата музичка ѕвезда и наследник на парфемот од 2012 година кој беше насловен Girlfriend.

next_girlfriendNext girlfriend содржи мирисни ноти на ананас, праска, малина, фрезија, јоргован и ванила. Играта помеѓу овошни и цветни мириси се повторува речиси во секое ново издание, а се акцентира модерниот стил што Бибер сака да им го посвети на сите свои обожавателки.

Слатките овошни ноти се во прегратка со мирисните ноти на белите цветови и како да им ги подаруваат прегратките на Бибер на сите оние обожавателки што во моментов сонуваат за нив.

Амбалажата на новиот парфем е слична со амбалажата на парфемот Girlfriend  со мали измени. Next girlfriend го привлекува вниманието со комбинацијата од виолетова и розева боја која е нагласена со златниот катанец во форма на срце кој виси од шишето.

Парфемот е достапен во амбалажа од 100 ml.