Новиот погон на „Донија“ во Прилеп ќе отвори нови 50 работни места

Комплетното поставување на инфраструктурните можности во индустриската зона Прилеп 1 овозможи  сопсвениците на  ДОО „Донија“ да  започнат со градежните активности за изградба на новиот производствен   погон кој ќе се простира на површина од  2.000 квадратни метри.

За оваа инвестиција за која се издвоени средства во висина од  500.000 евра  менаџерскиот тим на оваа реномирана прехранбена индустрија најавува  амбицозен раст на производствената линија  и освојување на нови пазари. Новиот простор и современата  технологија  ќе придонесат   да се остварат предизвиците, а  производствениот  процес се очекува  да отпочне до крајот на летото.
Воедно, најавени се и нови 50 вработувања со кои оваа кондиторска индустрија го потенцира  својот успешен стопански рејтинг во регионот. Прехранбената индустрија „Донија“ со својот  растеж и  успешен  подем  е  потврда за стопанско-економските текови во  нашата општина, која со развојот на индустриските зони и нивната функционалност ја оправда  визионерската и  партнерска определба.