Македонија

Новиот полски амбасадор во Македонија ги предаде акредитивните писма

Новиот полски амбасадор во Македонија ги предаде акредитивните писма

Заменик министерот за надворешни работи Зоран Петров, денеска ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Полска во Република Македонија, Јацек Мултановски.

Тој му посака успешна дипломатска мисија на новиот амбасадорот Мултановски, и изрази очекување дека за време на неговиот мандат, пријателските односи меѓу двете земји ќе продолжат да јакнат, а билатералната соработка ќе се проширува и продлабочува со уште понагласена динамика.

Петров и Мултановски се осврнале и на билатерална соработка во повеќе области, задржувајќи се на економската соработка и на соработката во сферата на образованието и културата.