Новиот портпарол на Беличанец-Алексиќ е Тања Бумбар

Тања Бумбар, ќе ја заменува градоначалничката Билјана Беличанец-Алексиќ во комуникацијата со новинарите. Таа од вчера официјално стана лице за односи со јавност на општина Кисела Вода

Тања Атанасовска- Ивановска во изминатава една и пол година работеше во МРТ, а претходно, 12 години беше дел од телевизијата Сител. Јавноста ја памети по контактната емисија „Црн и бел бумбар“.

Атанасовска- Ивановска седна во портпаролското столче во општина Кисела Вода на местото на Марјан Спасески, кој од неодамна е на директорската позиција во Агенцијата за млади и спорт.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.