сабота, 3 декември 2016  |  Вести денес: 0

Новиот предлог-буџет за 2017 година усвоен од Владата на РМ

Во рекордно време Владата на РМ успеа да го одобри буџетот за 2017 година, кој воедно е и рекордно голем и предвидува трошења во висина од 3.3 милијарди евра на 3% годишен економски раст. Предлогот е прифатен и изгласан без одолговлекување и проблеми на само неколку минути пред полноќ на владина седница. Предлогот за буџетот е поднесен од министерот за финансии Кирил Миновски.

1200x600

Поврзани вести

Буџетот пред се мора да ја помине процедурата во Собранието на РМ чиј мандата истекува и треба да се распушти пред изборите.

Имајќи го тоа во предвид тоа ќе преизвика брза и експедитивна процедура во Собранието на која опозицијата ќе се обиде да ја забави и одолговлечи, сметејќи дека сега не е време да се гласа буџетот и дека тоа треба да се прави по предстојните избори така што би се составил нов буџет со поинакви економски политики.

Предложено е и нов модел на привремено финансирање од страна на заменикот министер за финансии, Кире Наумов, но тој бил одбиен. Тековниот буџет доживеа ребаланс за прераспределба на средствата за настраданите во поплавите кои го погодија Скопје и скопско во износ од 35 милиони евра.

 

Најчитани вести