Новиот саудиски крал раздаде милијарди долари на својот народ

Новиот крал на Саудиска Арабија Салман Абдулазиз Ал Сауд раздаде милијарди долари на саудиските државјани по повод стапување на тронот, пишува Business Insider.

Тој го наследи тронот изминатиот месец по смртта на кралот Абдула.

Импресивниот износ кој надмина над 32 милијарди долари е распределен во форма на двомесечни стипендии за сите државни службеници, војници, студенти и пензионери, како и преку субвенции за различни професионални организации и спортски клубови.

“Драги луѓе, вие заслужувате повеќе и што и да направам, нема да сум во можност да ви го дадам она што го заслужувате”, се вели во соопштението на официјалниот Twitter профил на кралот Салман.

Некои приватни компании ќе го следат примерот и исто така ќе раздадат бонуси на своите вработени. Многумина Саудијци веќе го “прославија” стапувањето на престолот на новиот крал со купување на секакви луксузни стоки.

Во последниве години, овие “бонуси” се сметаат не само како нешто вообичаено од населението, но и нивното отсуство може да нанесе сериозни штети на сликата на власта. Во 2011 година, кралот Абдула потроши 35 милијарди долари во програма за социјален развој, која вклучуваше финансирање при бракови, почеток на бизнисите и купување на дом.

“Бонуси” по повод седнување на тронот добија сите државни службеници, ученици, студенти и пензионери.

Буџетскиот дефицит на кралството се очекува да надмине 6% од БДП оваа година или 39 милијарди долари. Тоа може да се потпре на барем 700 милијарди долари заштедени во различни средства. Буџетскиот дефицит на кралството се очекува да надмине 6% од БДП оваа година или 39 милијарди долари.