Новиот шеф на НАТО израснал во Србија

Поранешниот премиер на Норвешка, Јенс Столтенберг, е новиот генерален секретар на НАТО, а за Србија го врзува детството во Белград и дадилката од Суботица која цела деценија се грижела за неговото воспитување додека неговата фамилија живеела во Србија.

Лабуристот Столтенберг (55) во два наврати бил премиер на Норвешка, од 2000 до 2001 година и од 2005 до 2013 година, а во текот на својата кариера има многу пофалници дека важи за трезвен политичар.

Доаѓа од најмоќната политичка династија во Новрешка бидејќи неговиот татко и други членови на семејството со години наназад се присутни во политичкиот живот на земјата.

Новиот шеф на НАТО детството го поминал во Белград, бидејќи неговиот татко, Торвалд, кој беше и мировен посредник на ОН за поранешна Југославија. Тој во 1960 година тој бил поставен за прв секретар на норвешката амбасада во Белград.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.