Новиот свет ќе биде навистина сосема нов и тоа набрзо!

Според согледувањата и проекциите изнесени од страна на најупатените и најкреативните умови на денешницата кои гостуваа на конференцијата во организација на ТЕД насловена како „Наредното поглавје“, новиот свет ќе биде навистина нов и многу интересен. Како и секогаш кога станува збор за иднината многу нешта се неизвесни, но во наредните 30-тина години не очекуваат навистина радикални промени кои ќе не однесат во нови цивилизациски промени. На конференцијата присуствуваа бројни еминентни ескперти од технологијата, науката, дизајнот и други подрачја кои ги изнесоа своите согледувања за правците на развој и иднината која го очекува човештвото.

„Ќе откриеме близнаци на нашата планета Земја, планети во орбитата кои се приближно со еднаква големина и оддалеченост како и Земјата и ќе можеме да детектираме што се наоѓа на нивната површина и во нивните амосфери. Најпосле ќе почнеме да одговараме на прашањето дали таму има живот. Овде на Земјата, квантната физика ќе не воведе во нови технологии кои ќе ги транфсормираат комуникациската сигурност и приватност“, рече Схохини Гхосе, квантна физичарка.

„Тренд е намалувањето на димензиите на технологиите. За 20 години ќе имаме нанобити кои низ капиларите во нашиот мозок ќе се поврзуваат со синтетички неокортекс, продолжеток на нашиот неокортекс. Нашето размислување ќе биде хибрид на билошкото и небиолошкото размислување“, предвиде Реј Курцвел, изумител и футурист.

„Предвидувам дека ќе можеме да „проголтуваме“ информации. Ќе испиете таблетка и ќе знаете англиски јазик или ќе го знаете Шекспир. Информацијата низ крвотокот ќе дојде до мозокот и ќе се смести на правото место“ , го сподели своето видување на иднината Николас Негропонте од „МИТ Медиа Лаб“.

„Луѓето ќе живеат“ во „балон“ на персонализирано искуство во кое се што ќе гледаме и слушаме ќе биде различно од она што другите го гледаат и слушаат. Ова ќе биде резултат на комбинации на разни фактори, најмногу персоналното огласување и понуди, многу платформи ќе постанат активни и ќе прикажуваат содржина базирана на оној го го глда во моментот. Со уредите како што се Google glass кои проектираат слики во нашите очи ќе се придружат и ненаметливи звучни фидбек уреди кои ќе ги користиме за да се информираме и поврземе. Секој од нас заради тоа ќе искусува различни погледи на реалноста . Тоа на многу начини ќе биде наша предност, ќе ни дозволида живееме поинформирано и потенцијално поповрзани животи. Но, ова индивидуално искуство донесува ризик за друштвена фрагментација. Во наредните 30 години тоа дополнително ќе го фрагментира светот. Кога ќе погледнеме во кој правец се движи технологијата, тоа дејствува како иднина која не можеме да ја избегнеме. Се надевам дека ќе пронајдеме начин да ги нагласиме позитивните искуства и гледишта и да ја спречиме изолацијата“, објасни Форест Нород од „ДЕЛ компјутери“.

„Во наредните 30 години ќе ја интегрираме технологијата во своите тела за рекреативна и информативна сврха. Тинејџерите во 2044 година ќе бидат се чудат како нашите тела во 2014 година функционирале без технологија“, забележа Равин Агравал од „Корелиан Капитал“.

„Луѓето во наредните 30 години, насред ескпоненцијалниот раст на иформациите, ќе бидат соочени со три можности. Ќе можат да ја оспорат моќта на технологијата за да се спротивстават не очекуваните учиноци на експлозијата информации, ќе ги доверат обврските на машини за да живеат хедонистички живот или ќе ја прегрнат моќта на новите алатки во текот на експлозијата  на податоци за да се зголемат човечките способности“, предочи Џим Хакет од компанијата „Стилкејс“.

„Ќе имаме можност во себе да вградиме одобрен чип кој ќе служи како сензор, ќе ги пронаноа здавствените податоци за рано откривање на болестите, ќе ја покажува нашата локација… Нема да се грижиме за тоа дали осигрителните куќи имаат пристап до нашите податоци бидејќи нивните трошоци ќе се намалат и ќе станат поконкретни и попристапни. Ние со компаниите (Гугл, ејсук и Твитер) ќе дадеме уште поголем пристап на личните информации и ќе ги интегрираме во секојдневниот живот. Тоа на почетокот нема да ни се допаѓа, но судовите ќе и дозволуваат на полицијата да зема податоци од нашиот чип“, објасни Грегори Милер од компанијата „Спејсбар“.

„Ќе можеме да ги дијагностицираме болестите пред воопшто да ни допре до свеста дека нешто не е во ред, ќе се лекуваме со лекови направени исклучиво за таа намена и ќе ја искорениме така да никогаш не се врати. Концептот на поврзано здравство, преносни технологии и апсорирани лекови не упатува во таа насока“, рече во своето излагање Дорин Лоренцо од  „Кверки“.

„Се поголемото разбирање на светот околу нас, помеѓу нас, во нас и секој систем од физичкото, друштвеното, финасиското, комерцијалното, еколошкото ќе ја трансформира нашата врска со светот, со другите и со секој систем од кого сме дел.“ , заклучи Ендрју  Блау, претставник од „Делоа“.