Новиот веб портал на Собранието од денеска во функција

Новиот веб портал на Собранието претставува комплетно ново визуелно онлајн искуство за корисниците. Собранието добива нов, модерен и современ идентитет преку интернетот како медиум, и тоа сега со прегледност преку сите уреди, на компјутер, таблет, или мобилен телефон.

Бројот на корисници на паметни телефони и таблети рапидно расте, како и времето што корисниците го трошат во прелистување на веб страници преку овие уреди. Собранието им овозможува со новиот портал индивидуален пристап на овие корисници и полесно подостапни информации. Страниците на порталот се поврзани и со профилите на Собранието на социјалните мрежи со што е овозможена и комплетна интерактивност со корисниците.

Архитектурата на порталот е внимателно планирана за да се осигура дека потребите на сите целни групи се исполнети и корисниците секогаш може да ги добијат бараните информации. Целата работа на Собранието е презентирана транспарентно на сајтот во повеќе од 27.000 страници, во 4 јазични верзии, сега во нова навигациска структура која нуди современо и модерно корисничко искуство.