Новиот воз на пробно возење до Гевгелија

Новиот модерен воз денеска имаше второ пробно возење на релацијата Скопје – Гевгелија. На железничката станица беше пречекан од вработените во Македонски Железници и од заинтересирани граѓани на Гевгелија, информираат од општина Гевгелија.

Овој воз е дел од новите шест електровозови кои кога ќе пристигнат ќе ги заменат старите дотраени возови и локомотиви и со нив ќе биде обновен возниот парк на Македонски Железници. Станува збор за инвестиција вредна 25 милиони евра.

Новиот воз ќе биде пуштен во употреба од јануари

Новиот електричен воз е ултра модерен со климатизација, интернет, екрани и музика, а во сообраќај ќе биде пуштен кон крајот на јануари следната година. Дотогаш машиновозачите треба да ја поминат обуката од страна на експерти од Кина, а истовремено се обучуваат и за одржување и сервисирање на вагоните.

Новиот воз ќе биде пуштен во употреба од јануари
Новиот воз ќе биде пуштен во употреба од јануари

 

Возот може да вози и со 160 километри на час, но по македонските пруги нема да смее да биде побрз од 120 километри на час.

Нов возен ред на Македонски железници

Од 13 декември 2015 година стапи во сила новиот возен ред на Македонски железници. На релација Гевгелија – Солун – Гевгелија сообраќа еден пар возови, со поаѓање од Гевгелија во 07,23 часот, а пристигнување во Солун во 10,21 часот. Истиот воз од Солун тргнува во 18,16 часот а во Гевгелија пристигнува во 19,16 часот.

Меѓу Скопје и Гевгелија ќе сообраќаат три пара возови. Од гевгелиската железничка станица првиот воз за Скопје тргнува во 04,43 часот, а пристигнува во Скопје во 07,34 часот, вториот во 16,55 часот а пристигнува во Скопје во 19,31 часот и последниот во 19,46 часот, а пристигнува во Скопје во 21,54 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.