Новите автомобили со задолжителен систем за повикување брза помош

Car accident on a highway

Сите нови автомобили во земјите-членки на Европската Унија за три години ќе бидат опремени со систем што автоматски ќе може да повикува Итна помош во случај на сообраќајна несреќа.

Европратениците вчера донесоа одлука системот да го именуваат како eCall и за три години да стане задолжителен за сите нови автомобили и лесни возила.

Kога ќе се случи несреќа, посебен уред во автомобилот со помош на сензори, автоматски ќе пренесе порака и податоци до итната служба за местото каде што се наоѓа возилото, за точното време и правец во кое возилото се движело, како и за бројот на патниците.

Овој проект се очекува да спаси многу човечки животи бидеќји потребната медицинска помош би дошла многу брзо на местото на несреќата.