Македонија

Новите полицајци од генерацијата 2017/18 ќе бидат ангажирани од 1 јуни

Новите полицајци од генерацијата 2017/18 ќе бидат ангажирани од 1 јуни

Кандидатите за полицајци од генерацијата 2017/18 година од 1 јуни 2018 година ќе бидат професионално ангажирани во Министерството за внатрешни работи како приправници.

Како што информира МВР, за таа цел веќе се обезбедени новите полициски униформи.

– Почитувани кандидати за полицајци од генерацијата 2017/18 година, Ве известуваме дека од 1 јуни 2018 година ќе започне вашиот професионален ангажман во Министерството за внатрешни работи како приправници. Апелираме да не подлегнувате на невешти обиди за манипулација поттикнати од нечии лични интереси, се вели во соопштението од МВР