Новите процесори на Intel го забрзуваат времето за увид во бизнисот

Интел корпорацијата денес ја објави Intel® Xeon® processor E7-8800/4800 v3 фамилијата на производи, испорачувајќи забрзан увид во бизнисот преку аналитика во реално време и подобрени перформанси и сигурност за „mission-critical“ компјутинг.

Информациите за бизнисот во реално време се врвен приоритет на компаниите низ цел спектар на индустрии, од здравство, продажба, до телекомуникации, помеѓу другите. Потребата за рапиден увид во обемни податоци ја движи потребата за нови технологии за “in-memory” компјутинг, Гартнер верува дека заработката на овој пазар ќе изнесува повеќе од 9,5 милијарди долари до крајот на 2018 година, како и најмалу 50 отсто од големи организации да го применат “in-memory” компјутингот за да овозможат стратегии на дигитален бизнис.

Intel® Xeon® processor E7-8800/4800 v3 фамилијата на процесори им помага на потрошувачите безбедно да процесираат обемни податоци од системската меморија за побрзо донесување на одлуки и подобрена оперативна ефикасност, давајќи им на компаниите предност пред конкурентите.

„Во економијата на дигитални услуги, успехот или неуспехот можат да зависат од брзината на реакција и увидот кај обемни податоци. “ рече Дајен Брајант, постар заменик претседател и генерален менаџер на Data Center Group на Интел.

„Intel Xeon processor E7 v3 фамилијата е адутот за забрзување на бизнисот преку аналитика во реално време, овозможувајќи им на бизнисите да го подобрат задоволството кај потрошувачите преку персонализирани производи и услуги, да генерираат нови приходи и да ја подобрат ефикасноста на работење“, додава тој.

Со 20 нови светски рекорди во перформанси кај широк спектар од „mission-critical“ апликации, новата фамилија на процесори постигнува 40 отсто подобрување на просечните резултати во споредба со претходната генерација2.

Процесорите испорачуваат до 6 пати подобрување кај процесирањето и перформансите кај бизнис апликации за „in-memory“ трансакциони работни задачи3 оптимизирани со новиот Intel® Transactional Synchronization Extensions (Intel® TSX).

Со 18 јадра, се добива 20 отсто подобрување на јадрата во споредба со претходната генерација, до 45 мегабајти „last-level“ кеш, оваа фамилија на процесори испорачува до 70 отсто повеќе аналитички сесии на час4.

Фамилијата на производи обезбедува до 10 пати подобри перформанси за долар, истовремено спуштајќи ги трошоците за поседување за 85 отсто споредено со алтернативни „RISC“ архитектури5, со намалување на цената на набавка на хардверот, потрошувачка на енергија и ладење.

Процесорите поддржуваат конфигурации до 32 сокети6, со поддршка за најголемиот капацитет на меморија по сокет во индустријата7 (системи со 8 сокети се способни да поддржат до 12 терабајти DDR3 или DDR4 мемориска технологија).

Новите безбедносни и сигурносни можности, вклучувајќи зголемени криптографски перформанси преку најновиот Intel® Advanced Encryption Standard New Instructions (Intel® AES-NI) стандард, како и додатните микро архитектурни промени, Intel® Run Sure Technology, е уникатен спој на сигурност, достапност и сервисибилност за новата Intel Xeon processor E7 фамилија8, е подобрена со нови дизајни за понатамошно обезбедување на “five nines” достапност за „mission-critical“ апликации.

Фамилијата на производи е составена од 12 модели на процесори, вклучувајќи оптимизирани процесори за различни сегменти како два високо-фреквентни модели дизајнирани за апликации кои побаруваат најбрзи јадра.

Започнувајќи од денес, 17 произведувачи на системи од целиот свет ќе почнат да објавуваат платформи базирани на Intel Xeon processor E7 v3 фамилијата на процесори. Овие произведувачи ги вклучуваат: Bull*, Cisco*, Dell*, Fujitsu*, Hitachi*, HP*, Huawei*, Inspur*, Lenovo*, NEC*, Oracle*, PowerLeader*, Quanta*, SGI*, Sugon*, Supermicro* и ZTE*.

Нипон Paint, еден од најголемите снабдувачи на боја во Азија, во моментов со користење на Intel Xeon процесор Е7 v2 и SAP HANA софтвер  и анализатор може да го следи однесувањето на потрошувачите со поголема прецизност и да се забрза неговата способност да анализира и да дејствува врз податоци за оптимизација на синџирот на снабдување и маркетинг кампањи.

„Преку анализа во реално време, Нипон Paint е во можност да ги следи и анализира барањата на клиентите, како што се бои, стилови, дизајн и дизајнери, како и прилагодување на производи и услуги на специфичните потреби на клиентите”, вели Џастин Чен, изврен директор на компанијата.

Тој додава дека анализата на податоци кои се користат може да потрае неколку денови и недели, а сега е достапна во реално време.

„Ние во моментов тестираме со нови системи базирани на Intel Xeon processor E7 v3 за да ги искористиме предностите на повисоки перформанси и сигурност, карактеристики и понатаму да се забрзаат податоците за увид на клиентите”, вели тој.

Intel Xeon processor E7 v3 фамилијата на процесори ќе биде понудена со 12 различни модели на процесори со распон на цената од 1,224 долари до 7,175 долари во количини од 1,000.

Интел (NASDAQ: INTC) е светски предводник во иновации од областа на процесирањето. Компанијата дизајнира и гради есенцијални технологии кои служат како основа за светските компјутерски уреди. Како лидер во општествената одговорност и одржливост, Интел ги произведува првите комерцијално достапни “conflict-free” микропроцесори.