Новите проекти во здравството ќе донесат силен напредок во сферата на Кардиологијата и превенцијата на болестите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски минативе денови во два наврати промовираше крупни проекти за здравството и големи инвестиции.
Истите ќе значат голем добробит за пациентите и здравствените работници.

Сведоци сме на забрзани реформи и на еден голем инвестициски план во здравство, вели професор Бисерка Јовковска Ќаева, директор на Клиниката за пулмологија и алергологија.

„Бројни инвестиции во градежништвото во обновување на бројни клинички центри и здравствени објекти во Македонија , бројни едукации на здравствениот персонал изминативе години и во наредниот период. Исто biserka-640x382така како круна на сето ова случување е секако најавата за отпочнување на изградбата на долгоочекуваниот Клинички центар „ Мајка Тереза“.  Со тоа ќе се овозможи подобра дијагностика, побрза, поефикасна на сите на сите наши пациенти на сите наши граѓани, но исто така и нашите лекари, односно целокупниот медицински персонал ќе има можност конечно да работи во најсовремени услови како и што заслужуваат.  Со овие реформи кои што и досега се спроведуваа , со воведување на „Мој термин“ и низа други мерки во тој поглед , пациентите навремено се згрижуваат , навремено се дијагностицираат и секако навремено се поставуваат на соодветен третман. Се намалуваат гужвите во амбулантите, прегледите се извршуваат навреме, се избегнуваат големите редици на чекање, сето тоа што во минатото беше пракса сега полека се  средува благодарение на сите реформи во здравството“, истакнува таа.

 

Меѓу новите мега проекти е комплетно реновирање и адаптација на објектот на Универзитетската клиника за кардиологија.

Билјана Теофилова, директор на Државната клиника за кардиохирургија  вели дека  овие новини и проекти се на особено задоволство како на пациентите, така и на здравствениот кадар вработен во целиот здравствен систем  на Република Македонија.

kardiologija-1-640x415

„Посебно се однесува за нашата клиника како нова , млада клиника која за прв пат е отворена пред 2 години. Почнавме првата година, поточно неколку месеци од основањето со 30 пациенти ја завршивме првата година, втората со 130, оваа година очекува да ја завршиме со повеќе од 300 пациенти. Самото тоа зборува за огромниот раст и развој на оваа клиника и потребата за основање на оваа клиника  Нашата клиника го носи највисокиот индекс , кејс микс индекс во здравството што значи дека кај нас се работат, најсложените, најкомплексните, најкомплицираните случаи во јавното здравство и од самото тоа потекнува делимично и потребата за отворање на една ваква хибридна сала, сала која е куриозитет за многу мал здравствени системи, сала која што ќе помогне на развој на научно истражувачката дејност во областа на кардиохирургијата и васкуларната хирургија. Сето тоа ќе оди во прилог и бенефит на пациентите, но ќе претставува и предизвик за здравствениот кадар“, рече таа.

Ова е многу значајна инвестиција, имајќи предвид дека постојниот објект на Клиниката е стар околу 40-тина години и ова ќе биде прв поголем градежен зафат на оваа клиника.

„Ќе се изврши комплетно обновување на инфраструктурата и ентериерот на објектот, опфаќајќи ги одделот за интензивна нега, стационарот и други содржини, со цел овозможување посовремени услови за третман на овие пациенти. Оваа инвестиција ќе изнесува околу 180 милиони денари и по завршување на комплетната реконструкција ќе се добијат современи услови за работа на македонските доктори. Реновирањето ќе започне во 2019-та година откако претходно ќе завршат сите неопходни законски процедури. Покрај инвестирањето во здравствената инфраструктура, како и досега, продолжуваме да инвестираме и во нова медицинска опрема, имајќи предвид дека тоа се едни од главните носечки столбови на секој квалитетен здравствен систем. Токму во таа насока, предвидуваме една исклучително значајна инвестиција во нова опрема, а тоа е формирање на хибридна сала во рамки на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија. Ова е крупна инвестиција од околу 2 милиони евра, со што Клиниката за кардиохирургија ќе добие комплетно опремена хибридна сала, која ќе биде единствена од ваков тип во поширокиот балкански регион, сè до Будимпешта каде неодамна се отвори ваква сала“, истакна Груевски.

Во хибридна сала може да се третираат и исклучително тешки случаи, како на пример случај на раслојување на аортата, кој во светски рамки се оперира со 40% смртност, а во хибридните сали како најсовремен дострел на кардиохирургијата се оперираат со најниска смртност од само 1%.

Освен хибридната сала, во рамки на проектот за набавка на 3700 нови апарати за Државната кардиохирургија се:

5 aпарати за механичко миење на инструменти, 2 Автоклави, ласер за вени, хирушки инструментариум, 14 Инфузиони пумпи, Плазма стерилизатор, Ехо сонди, 16 Перфузори, 2 транспортни монитори, Комбиниран ладилник-замрзнувач за складирање на крв и крвни деривати. 

Паралелно со овие инвестиции, со цел унапредување на превентивната здравствена заштита во делот на кардиоваскуларните заболувања, Груевски најави уште една новина, а тоа е формирање на Национален центар за кардиоваскуларни заболувања. 

Идејата е овој центар да функционира како координативно тело и тело кое ќе предлага креирање на политики во овој сегмент на здравствената заштита. Во ова тело ќе членуваат директорите на Универзитетска клиника за кардиологија, Универзитетска клиника за државна кардиохирургија, раководителите на кардиолошките одделенија од јавните здравствени установи низ републиката и директорите на приватните здравствени установи од дејноста, кои се во мрежата.

За првпат во Македонија, се реализираше проектот Детска кардиохирургија, во соработка со реномирани специјалисти од САД. Децата кои имаат потреба од вакви интервенции повеќе не се упатуваат во странство, туку услугата ја добиваат тука, без да се изложуваат на дополнителни психофизички напори за патување.