недела, 30 април 2017  |  Вести денес: 4

Новите Samsung смартфони од Galaxy А класта се повеќе од паметни

Samsung на пазарот од минатиот месец се појави со своите најнови телефони кои што се специјално дизајнирани и опремени со посебен софтвер за правење селфи, а се дел од класата на Galaxy А.

samsung

Поврзани вести

Направен и осмислен за новите предизвици и желби на потрошувачите, новите смартфони Galaxy A3 и Galaxy A5 нудат многу повеќе од изглед. Опремени со последните компоненти во мобилната индустрија, тие ги нудат процесорите Octa-core 1.6 GHz, односно Octa-core 1.9 GHz, соодветно за моделите што ги прави доста солидни во споредба со останатите смартфони од оваа класа.

ae-galaxy-a3-2017-a320f-sm-a320fzkdxsg-000000005-r30-black

Дисплејот е AMOLED е способен да продуцира до 16 милиони бои, а нивните димензии се 4.7 инчи односно 5.2 инчи. За заштита на ваквиот дисплеј се користи Gorilla glass од 4. генерација што обезбедува беспрекорна работа и безбедност на тач екранот во сите околности и услови.

Што се однесува за меморијата за брза обработка на податоците користат 2 и 3 GB рам меморија што е доста ретко за смартфони овозможувајќи голем комфорт при употреба и поголема искористеност на процесорот при мулти таскинг. Внатрешниот капацитет за податоци им изнесува 16 и 32 гб која станува се повеќе потребна бидејќи во арсеналот на овие смартфони се и импресивните камери од 13 и 16 мегапиксели кои се способни да сликаат во голема резолуција и снимаат видеа во ХД односно 1080p на 30 фрејмови во секунда.

my-galaxy-a5-2017-a520f-sm-a520fzkdxme-back-black-61174422

За сите овие делови да работат со полна пареа се грижат и подеднакво добри литиумски батерии до капацитет од 2350 и 3000 милиампер часови кои овозможуваат до 95 часа работа со едно полнење на смартфонот.

Оперативниот систем на овие телефони е Android 6.0.1 (Marshmallow) надополнет со софтвер на самата компанија ветува јасно и лесно ракување на самиот телефон. Дизајнот е таков што целата предна и задна површина на моделите се целосно рамни без никакви испакнатини од било какви копчиња или камери.my-galaxy-a5-2017-a520f-sm-a520fzkdxme-rside-black-61174426

 

Телефонот може да издржи длабочина од 1.5 метри во вода до 30 минути без да се примети намалувње на перформансите односно негово расипување.

Цените на овие бајрактари на Samsung се определени на околу 330 евра за А3 моделот и 430 за А5 моделот, во зависност од мобилниот оператор кој ќе ги нуди.

Најчитани вести