Новите санкции кон Русија се тест за единството во ЕУ

Новите западни санкции кон Русија би можеле да донесат пад на рубљата, раст на цените на племенитите метали, а веројатно и гасна криза.

Оваа трета фаза санкции би можела да донесе и сознание дека во ЕУ некои се поеднакви од останатите. На основа на она што вчера за координирањето со санкциите на Вашингтон и Брисел на Москва и биле достапни пред нивното званично прогласување, јасно се гледа дека најголемиот товар, а со самото тоа и губитоци, ќе ги почуствува финансискиот сектор на Велика Британија и француската воена индустрија.

Филип Хамонд, британскиот шеф на дипломатијата, признал за Би-Би-Си дека неговата држава ќе плати економска цена за санкциите кон Русија заради поддршката на проруските сепаратисти во Украина. Тој додал дека „болката“ нема да биде поголема отколку и во другите земји членки на ЕУ и дека вреди да се издржи за да се заузда „руската агресија“.

20140724_sankcii_t

„Нашите дискусии минатата недела беа фокусирани на пакетот кој чесно би го поделил товарот на санкциите ширум ЕУ, обезбедувајќи големите стопанства да не претрпат болка“ рекол Хамонд и додал дека „санкциите ќе траат колку што ќе биде потребно.

Владимир Чизов, рускиот амбасадор во ЕУ, вчера изјавил дека новите санкции не водат никаде и дека нема да ја постигнат целта на решавање на ситуацијата во Украина. Германскиот дневник „Велт“ пишува дека „со оглед на затегнатата финансиска ситуација и високата невработеност во многу европски земји, новите санкции се гледаат како тест за европското единство“.

Иако санкциите ќе имаат последици и по германското стопанство, заради забраната на извозот на високотехнолошки производи, Берлин краткорочно значајно помалку ги почуствува последиците од директивата од Вашингтон споредено со Лондон и Париз. Моќното Сојузно здружение на германската индустрија, кое долго беше против казнување на Москва, ги поддржа санкциите иако Германиија со 36 милијарди извоз во Русија минатата година држела третина од вкупниот пласман на роба од ЕУ во таа држава. Германскиот извоз на рускиот пазар опаднал за 14 отсто во првите четири месеци од оваа година од почетокот на украинската криза, што би можело да загрози околу 25000 работни места во Германија.

„Економските интереси не се главен приоритет. Главен приоритет е обезбедување на стабилноста и мирот, рекол Волфганг  Шојбле, германскиот министер за финансии.

Губитници има и на двете страни. Најголемите меѓу нив се Лондонскиот деловен центар и Руската Банка.

Лондонскиот деловен центар најверојатно ќе има загуби од стотици милиони евра со оглед на тоа дека тргувањето со обврзниците на руските државни банки, за што сега е има воведено забрана која стапува на сила во петок, скоро во потполност биле обавувани во овој деловен центар.

Руските државни банки

Банката на Русија, централната банка на оваа земја, објавила дека доколу биде потребно ќе ги поддржи банките кои се нашле на удар на санкциите. Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) неодамна одбила да финансира руски проекти, што за Русија занчи дека нема да добие околу 23 милијарди годишно наменети за инвестиции.

61b160511f8d2c572af8eddda39b3e4f

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.