Новите санкции против Русија ќе бидат објавени денеска

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека денеска ќе бидат објавени нови санкции против Русија поради неспроведувањето на меѓународниот договор за смирување на кризата во Украина.

Обама, кој е во посета на Филипини, додал дека цел на санкциите ќе бидат поединци и компании, како и некои делови од рускиот извоз.

„Москва има начин за да придонесе за мирољубиво решение на кризата во Украина, но досега не превзеде чекори во тој правец“, изјавил Обама.

Денеска и Европската Унија ќе го разгледува новиот пакет санкции против Русија.