Новите врнежи можат да направат уште поголема штета во прилепско

Центарот за управување со кризи и денеска повторно го оддржа редовниот координативниот состанок за да се види каква е состојбата на терен во текот на изминатово деноноќие.

– Со новите врнежи нивото на водите е зголемено што незначи дека нема да настанат нови штети или излевање на реките од коритата, посочуваат од Државното водостопанско претпријатие „Прилепско поле“.

– Обезбедени се вреќи со песок кои ќе се користат на критичните места, вклучена е АРМ и вработените во ЈКП,  но сепак состојбата треба постојано да се следи поради новите врнежи на дожд и снег, посочи Градоначалникот Марјан Ристески во својата изјава.

Градоначалникот Ристески и денеска излезе на терен. Целта на посетата е  изворно да се изврши увид во состојбите на терен, да се координираат тековните операции на институциите и да придонесат во регулација на состојбите, но и да излезат во пресрет на населението.

Врз основа на податоци од теренот и барање од општините, веќе се дадени насоки за користење на градежната механизација во справување со состојбите, дистрибуирани се материјални средства за превенција од поплавите, вреќи со песок, материјали за тампонирање и ангажирани се пунктни станици и онаму каде што се побарани за истек на водите од поплавените урбани средини. Комисиите излегоа на теренот и вршат процена на штетите, а екипи на Противпожарната единица од Прилеп се во населените места и ја испумпуваат водата од куќите и помошните простории на жителите од поплавените села.

Поради претрпените штети од елементарните непогоди од поплавите кои деновиве го зафатија Прилеп и прилепско, сите оштетени граѓани имаат право да поднесат барање за еднократна парична помош во Центарот за социјална помош, од градот Прилеп и населените места.