Ново детско игралиште во Центар

Детското игралиште е направено по европски стандарди со гумен, заштитен под, со три лизгалки, лулашки, клацкалки и три платформи. Поставен е систем за полевање, како и нова урбана опрема.
Детското игралиште е направено по европски стандарди со гумен, заштитен под, со три лизгалки, лулашки, клацкалки и три платформи. Поставен е систем за полевање, како и нова урбана опрема.

На површина од 5.000 метри квадратни,  пејсажно дизајнирано, Општина Центар изгради ново детско игралиште во „Индијанско маало“ кое се наоѓа во Градскиот sид зад Домот на градежните работници.

Како што информираат од општината, детското игралиште е направено по европски стандарди со гумен, заштитен под, со три лизгалки, лулашки, клацкалки и три платформи. Поставен е систем за полевање, како и нова урбана опрема. Деновиве, како што бараа и жителите, ќе биде поставена и чешма.

Од ова маало, општина Центар го почнува проектот за воведување чуварски служби во Градскиот ѕид, поради безбедност на децата и жителите и зачувување на зеленилото и урбаната опрема.

Од општината информираат дека паралелно се работи на реконструкција на уште четири типски игралишта во Градски ѕид.