Ново финале за Бенфика, М’Биа ја спаси Севилја

Пласман во финалниот натпревар од годинашното издание на најмасовното клупско натпреварување, Лигата на Европа, обезбедија фудбалерите на шпанскиот прволигаш Севилја и тие на новиот шампион на Португалија, тимот на Бенфика.

Реванш дуелот во Торино, помеѓу италијанскиот калчо гигант Јувентус и гостинскиот тим на Бенфика заврши без погодоци 0:0 и благодарение на минималниот триумф од 2:1 кој го забележаа во Лисабон, фудбалерите на Бенфика повторно, втора година по ред, ќе бидат дел од најважниот натпревар во ова клупско натпреварување.

Не само што не ја анилураа минималната негатива и не ја искористија предноста на домашниот терен, избраниците на Антонио Конте не ја искористија и предноста од играч повеќе која ја имаа во последните 25 минути од натпреварот.
Втор жолт картон во 65 минута заработи одличниот играч за врска, Енцо Перез, а во последните неколку минути од натпреварот Бенфика играше и со уште еден игра помалку отако потешка повреда заработи централниот дефанзивец, Езекел Гарај.

Уште поголема драма имаше на реванш полуфиналниот дуел помеѓу шпанските претставници Валенсија и Севилја.
Домаќинот ја анулира негативата од два гола и постигна уште еден погодок во 70 минута, но големото славје го уништи искусниот играч за врска на Севилја, Стефан М’Биа кој постигна погодок во 94 минута од натпреварот.
Резултати: Јувентус – Бенфика 0:0 (вкупно 1:2), Валеснија – Севилја 3:1 (3:3).