Ново игралиште за деца со посебни потреби во Кисела Вода

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ, денеска ќе го отворат новоизграденото игралиште за деца со посебни потреби во населба Кисела Вода во рамки на одбележување на патронатот на општината.

Игралиштето е лоцирано во близина на крстосницата помеѓу улицата „Михаил Чаков” и булеварот „Борис Трајковски”. По неговото отворање ќе се одржи цветно дефиле на дечињата од основните училишта, предводено од градскиот пајтон и вовче, кое ќе почне пред ООУ „Кирил Пејчиновиќ”, од улицата „Народни херои“ до крстосницата со булеварот „Борис Трајковски“.

Манифестацијата ќе заврши со културно-уметничка програма во паркот „Шопен” на учесниците во дефилето.