Ново исчезнување на малолетничка во Србија

Исчезна уште едно малолетно девојче во Србија. Четиринаесетгодишната Ивана Подрашиќ од Белград последен пат е видена на 29 јули.

Од српското МВР информираат дека таткото на девојчето го пријавил исчезнувањето и дека полицијата работи на нејзиното пронаоѓање.

Последен пат Ивана е видена на 29 јули кога се упатила кон Канеревиот рид. Од тогаш и се губи секаков траг, напишано е под фотографијата на сликата од девојчето на социјалната мрежа „Фејсбук“.