Ново издание на Икс Фактор на пролет

Еден од најпопуларните светски телевизиски формати, музичкото натпреварување за таленти „Икс Фактор“, на кое минатата година победи Даниел Кајмакоски, се враќа во регионот, пишува Вистина.мк. 

Шоуто ќе започне на пролет, повторно под истото име „Икс Фактор Адриа“, но сега во проширена варијанта која ќе ја опфати и Хрватска. Веќе се познати телевизиите на кои во останатите земји од регионот ќе се емитува ова ултра популарно шоу, а тие се ТВ Прва во Србија и РТЛ во Хрватска. За РТЛ веќе е позната и водителката, тоа ќе биде Антонија Блаќе.

Дали шоуто ќе се прикажува и во Македонија се’ уште не е познато, телевизија Сител нема објавено ништо до сега како најава, што можеби укажува на некои измени, што не е реткост за толку скапи франшизи. Всушност и во Србија минатата година шоуто одеше на ТВ Пинк, за да годинава се појави на сосема друга телевизија.