„Ново киноутро“ во Кинотеката на Македонија

Кинотеката на Македонија и оваа година за време на зимскиот распуст организира дневна филмска програма „Ново киноутро“, во која од денеска до 20 јануари ќе бидат прикажани пет филма.

Филмската програма почнува денеска напладне со проекција на анимираниот јапонски филм „Змејска топка 2“ во режија на Тадајоши Јанамуро кој ќе биде репризиран утре.

„Кука“ - Спилберг

Со почеток во 12 часот, на 11-ти и 12 јануари е најавен американскиот игран филм „Макс Стил“ на режисерот Стјуарт Хендлер, на 13-ти и 14 јануари анимираниот кинески филм „Змејско гнездо: зората на воинот“ на Јуефенг Сонг, на 16-ти и 17 јануари анимираниот филм од Канада „Малите виленици пикси“ на режисерот Шон Патрик и на 18-ти и 20 јануари – играниот американски филм од 1991 „Кука“ во режија на Стивен Спилберг.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.