Македонија

Ново намалување на цените на лековите

Ново намалување на цените на лековите

Со новото утврдување на максимални цени на лекови, намалени се цените на 374 генерици и 172 оригинатори.

Новите цени на лековите ќе стапат на сила од 1 април, а вкупната заштеда од седмото намалување на цените на лековите ќе биде околу 1 милион и 600 илјади евра.

-Целта е да се унапреди достапноста на лековите како и финансиско олеснување за граѓаните а воедно се остваруваат заштеди и во здравствениот систем и потоа тие средства за пренасочуваат и искористуваат за инвестиции во самиот здравствен систем, објасни министерот за здравство Никола Тодоров.

До сега се намалиле цените на околу 4.000 лекови а со тоа се заштедило повеќе од 36 милиони евра.

-Најголемо намалување на малопродажната цена се јавува кај неколку генерички лекови, како Jasnal, лек за Алцхајмерова болест со разлика во цената од 61, 86%. Старата малопродажна цена била  1973 денари, а новата малопродажна цена  755 денари. Според потрошувачката на овој лек од 11 000 пакувања се заштедуваат по 1224 денари по пакување и вкупната заштеда во системот ќе биде  околу 219 000 евра, додаде Тодоров и заклучи дека системското намалување ќе следи и во наредниот периодот, два пати годишно.

marija

-Во оваа системска реформа која континуирано ја спроведува Владата и Министерството за здравство, активно беше вклучена и Агенцијата на лекови со 8 вработени лица кои континуирано ја следат динамиката и цените кои како референти земји ги имаме согласно методологијата  и резултатот е намалување на 542 лекови, истакна Марија Дарковкса Серафимовска, директор на Агенцијата за лекови.

Директорката потенцираше дека од намалувањето на цените на лековите бенефит има и државата и граѓаните.