Крими хроника

Ново одлижување на рочиштето за случајот „Триста“

Ново одлижување на рочиштето за случајот „Триста“

Во Кривичниот суд во петокот повторно беше одложено рочиштето за предметот на Специјалнотојавно обвинителство (СЈО) „Триста“, во кој обвинет е поранешниот помошник-министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски за злоупотреба на службена должност во врска со јавна набавка на триста возила, а новото рочиште е закажано за 28-ми декември.Судијката Лидија Петровска подоцна образложи дека рочиштето се одложува, бидејќи на психијаторот му треба време да ја разгледа документацијата и да направи вештачење дали обвинетиот Ѓоко Поповски е во депресија.

Требаше да биде сослушан докторот кој му ја издал дијагнозата на Поповски, како и независен судски вештак од областа на психијатријата за да се утврди дали обвинетиот може да ги следи судските рочишта. Поповски на рочиштето доставил и ново боледување.

За да може да се произнесат по медицинската документација на Поповски, докторите од судот побарале дополнително време за да направат анализа.

Досега судењето беше одлагано двапати, бидејќи Поповски не доаѓаше во судот, а како причина за неговото отсуство се наведуваше неговата влошена здравствена состојба. На последното рочиште на кое присуствуваше Поповски, неговиот адвокат Боро Тасевски потенцираше дека обвинетиот дошол во судницата само заради сомневањата во врска со неговата здравствена состојба.

Во овој предмет Апелациониот суд одлучи дека прислушуваните разговори може да се користат како доказен материјал.

Поповски се сомничи дека го оштетил Буџетот за 453.570 евра. Според СЈО, Поповски незаконски доделил договори за купопродажба и одржување возила на „Порше Македонија“ ДООЕЛ Скопје, „Ка-Дис“ ДОО Скопје, Б„охемија Автомобили Роус“ ДООЕЛ Скопје, „Колевски“ ДОО Скопје и „Авто Куќа“ ДОО Скопје избрани како економски најповолни понуди.