Економија

Ново поевтинување на нафтата на светските берзи

Ново поевтинување на нафтата на светските берзи

Цената на нафтата денеска бележи пад откако Меѓународната агенција за енергетика наведе дека во наредните 5 години се очекува само скромен раст на глобалната цена на нафтата, пишуваат светските агенции.

Барел американска лесна нафта за испорака во март на берзата во Њујорк поевтини за 74 центи на 52,12 долари, додека барел северноморска нафта од типот Брент за мартовска испорака на пазарот во Лондон поевтини за 77 центи на 57,57 долари за еден барел, пренесува Франс Прес.

Прогнозите дека дека цените на нафтата од сегашното ниво од 50 до 53 долари ќе се пораснат до 73 долари во 2020 година. Цените на нафтата во јуни надминаа 100 долари за барел, а од тогаш, паднаа за околу 50% во најголем дел поради растот на глобалните резерви во светот и силното производство на нафтени шкрилци во САД.